HomeАНТИСТРЕСШтосноНевин поминал 39 години во затвор

Невин поминал 39 години во затвор

osudjenik

Од затворот во Северна Каролина денес бил ослобден 61-годишниот Џејмс Роберт Мекларкин, кој поминал 39 години во затвор поради убиство, кое како што е сега докажано, не го извршил. Џејмс Роберт Мекларкин е формално пуштен на условна слобода, откако полицијата и јавниот обвинител соопштиле дека во август 1974 година не го убил 74-годишниот Клод Килијан.

„Требаше да поминат 39 години за на крајот конечно некој да ми поверува. Сега сум слободен човек, но не е крај, бидејќи и понатаму сум осуден. Пресудата мора да се поништи, бидејќи јас не го убив Килијан“, изјави Мекларкин по излегувањето од затворот. За убиството кое се случило во 1974 година, покрај Мекларкин, на доживотна затворска казна бил осуден и Реј Чарлс Деграфенирд, иако против нив не постоел ниту еден материјален доказ.

Полицијата дури минатата година, на барање на семејството на Мекларкин и под притисок од јавноста, прифанала повторно да го отвори случајот и детектив кој го водел случајот заклучил дека двајцата осудени не се виновни, бидејќи за време на убиството се наоѓале на друго место.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com