Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНевил: Ќе биде исклучително тешко да се најде замена за Ибрахимовиќ

Невил: Ќе биде исклучително тешко да се најде замена за Ибрахимовиќ

Поранешниот прв играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, кој сега работи како консултант за “Скај Спорт” смета дека “црвените ѓаволи” ќе имат големи проблеми во наоѓање на соодветна замена за Златан Ибрахимовиќ, ако тој одлучи следната сезона да замине од “Олд Трафорд”.

“Ќе биде голем проблем да се замени Ибрахимовиќ. Ова ќе биде невиден проблем со кој треба да се соочи Мурињо на почетокот на новата сезона. Била би голема штета доколку тој одлучи да го напушти клубот. Во текот на оваа сезона, Ибрахимовиќ често знаеше сам да го извлече тимот, погледнете го само финалето на Купот. Ако Манчестер Јунајтед ја заврши годината меѓу четирите најдобри екипи, најголема заслуга ќе имат Златан “, изјави Гери Невил.