Saturday, Apr 20, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласНеверојатен потег: Луѓе спасија бела ајкула заглавена на плажа

Неверојатен потег: Луѓе спасија бела ајкула заглавена на плажа

Белата ајкула можеби е еден од најсмртоносните морски предатори но, група на посетите на плажата Кејп Код во Масачусетц не се двоумеа да и помогнат на заглавена ајкула на песокот која го губеше здивот.

„Ајкулата подолго време беше заглавена во песокот и луѓето околу почнаа да носат кофи со вода помагајќи и да дише. На почеток бев исплашена, но знаев дека нема да може да се придвижи бидејќи водата се повлекуваше од брегот“, изјави Изабел Хејланд, една од посетители на плажата.

Без оглед што мислите за овој морски ѕвер откако ќе погледнете како беспомошно прета за да дојде до воздух сигурно ќе ја поздравите акцијата на совесните луѓе кои помогнаа ајкулата да преживее доволно долго пред да дојдат спасувачи кои со јаже и чамец ја довлечкаа ајкулата назад во водите на океанот. Навистина неверојатен потег на хуманост.