Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текНеверојатен изум – фармерки што ќе го наполнат вашиот мобилен телефон

Неверојатен изум – фармерки што ќе го наполнат вашиот мобилен телефон

И невозможното полека, но сигурно станува возможно. Новата колекција на Joe’s Jeans освен што на понежната половина им нуди фармерки кои освен што се удобни и стилски, можат да ја наполнат батеријата на вашиот телефон.

Тајната се крие во задниот џеб, односно во линијата кај ременот кој има уште потенок џеб каде се става батеријата која го полни вашиот мобилен телефон кој пак може да го сместите во другиот џеб, веднаш под батеријата. Ова е одличен начин да уживате во текот на целиот ден во бенефитите што ги нуди вашиот мобилен телефон, без да ви снема батерија.

farmerki polnac1Освен ваквата поволност, фармерките се достапни во неколку варијанти, од најтемна црна па сѐ до модерна сина боја.