HomeАНТИСТРЕСШтосноНеверојатна сообраќајна гужва во Лос Анџелес! (ВИДЕО)

Неверојатна сообраќајна гужва во Лос Анџелес! (ВИДЕО)

maxresdefault

Глетката на огромна сообраќајна гужва во Лос Анџелес воочи денот на благодарноста, ширум светот предизвика сочувство кај многу луѓе, на кои од лично искуство им е познато чувството на повеќечасовно чекање во автомобилски колони. Денот на благодарноста во САД е повод за собирање на семејството, а милиони луѓе ширум таа земја за празникот патуваат во друг град или држава за да го прослават со целото семејство.

Колку подвижноста на жителите е масовна најдобро покажува снимката од Лос Анџелес од воздух. Застрашувачката сообраќајна гужва се протега со километри. Според податоците, оваа година на Денот на благодарноста околу 50 милиони луѓе патувале најмалку 80 километри.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com