Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНестабилно време ќе ја зафати Македонија

Нестабилно време ќе ја зафати Македонија

Времето во Македонија  претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните и западните каде не се исклучува можноста за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе биде во интервалот од 13 до 22, а највисоката се очекува да достигне помеѓу 30 и 38 степени,  со УВ индекс  8.

Во Скопје претпладне претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд со слаб до умерен интензитет, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19,  а највисоката дневна  ќе достигне околу 36 степени.