Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНесреќник „олеснет“ за 47.000 евра при кражба во куќа во Прилеп

Несреќник „олеснет“ за 47.000 евра при кражба во куќа во Прилеп

Од куќата на 29-годишен прилепчанец се украдени 47 илјади евра. Тешката кражба се случила вчера кога непознат сторител провалил преку балконската врата во куќата на Ц.П. која се наоѓа на улицата „Менде Иваноски“. Крадецот покрај пари украл и накит со приближно иста вредност.

Полициската станица од Прилеп извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на виновникот за кражбата.