Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНесреќа во Турција: Автобус падна во канал за наводнување, 14 лица се загинати

Несреќа во Турција: Автобус падна во канал за наводнување, 14 лица се загинати

Четиринаесет лица загинаа, а околу дваесетина се повредени во несреќа на училишен автобус во местото Османие во Јужна Турција. Според информациите на турските медиуми, Автобусот што превезувал ученици и родители од излет на археолошко наоѓалиште паднал во канал за наводнување.

Причините за настаната несреќа се уште се истражуваат, но се смета деа автобусот се судрил со автомобил, при што возачот ја изгубил контролата над возилото и влетал во каналот.  Автобусот бил извлечен со помош на кран, а медиумите соопштуваат дека шест од загинатите лица се деца.