Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНесреќа во рудник во БиХ, загинати најмалку четири лица

Несреќа во рудник во БиХ, загинати најмалку четири лица

Околу четири рудари загинаа а уште двајца се повредени во несреќа која се случила ноќеска во рудникот за јаглен Какањ во Босна и Херцеговина.

До несреќата дошло кога во јамата Бегичи-Биштрани во еден часот по полноќ, попуштил горниот дел од рударските простории па се урнал дел од покривот. Од управата на рудникот пренесуваат дека останатите рудари безбедно ги напуштиле своите работни места и излегле од јамите, додека увид во местото на несреќата вршат дежурниот кантонски обвинител и Федералната рударска инспекција.