Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНервозен возач со секира нападнал градски автобус

Нервозен возач со секира нападнал градски автобус

Возач од автомобил со секира нападнал градски автобус со број 9 откако настанало недоразбирање за предност при поминување. Тој ги кршел стаклата на автобусот, а патниците биле видно вознемирени,

Инцидентот се случил вчера во 16.30 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“. Најпрвин четириесетгодишниот А.С. почнал расправија со возачот на автобус на ЈСП со број 9, Е.А. (32), а потоа излегол од автомобилот и со секира скршил едно стакло. Напаѓачот бил приведен од полицијата.