Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаулНервозата на Пике му донесе суспензија од четири меча

Нервозата на Пике му донесе суспензија од четири меча

Џерард Пике, дефанзивецот на Барселона е казнет со четири меча суспензија поради добиениот директен црвен картон на реванш натпреварот против Атлетик Билбао во Супер купот на Шпанија. Пике наводно упатил серија на навреди кон помошниот судија на мечот и дисциплинската комисија оцени дека ова е соодветна казна. Пике ќе ги пропушти првите четири меча и Барселона ќе мора да ја обжали одлуката. Дефанзивецот изјави дека жали за реакцијата, но тврди дека не упатил директни навреди кон судијата.