Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНеретва одзеде живот – Уште еден кобен скок

Неретва одзеде живот – Уште еден кобен скок

Младо момче вчера го загуби животот во Мостар. Дваесет и пет годишното момче од Зеница скокнало од Стариот мост и повеќе не се појавило од водите на Неретва.

Момчето во друштво на две сестри стигнало во посета на Мостар. Додека биле на Стариот мост, момчето изразило желба да скокне во Неретва, а сестрите да го снимат неговиот скок. Тие се договориле околу тоа, а потоа отишле во блискиот ресторан на ручек. Меѓутоа во текот на ручекот, наводно момчето станало, рекло дека ќе оди во тоалет, но всушност се вратило на Стариот мост и скокнало.

Неговото тело го забележал полицаец кај Лучкиот мост на површината на водата, но потоа повторно потонало. По дојавата за скокот стигнале два кајаци на интервентната спасувачка служба на Мостар, а спасителите момчето го барале низводно, се до мостот Хасан Бркиќ во населбата Текија. Тука ја стопирале потрагата за да ја продолжат утрово.

Да потесетиме, минатиот викенд во Зворник настрада словенецот Андреј Беуц, кој скокна во Дрина и се удави. Спасувачките екипи вчера го извадија неговото тело.