Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНепал го издаде првиот пасош на трансполово лице

Непал го издаде првиот пасош на трансполово лице

Непал вчера го издаде првиот пасош на трансполова личност, а во документот во рубриката за пол стои ознаката „О“ која значи „other“ (други), соопштија властите.

Одделот за издавање на пасошите на непалското министерство за внатрешни работи, првиот пасош со ознаката „О“ го издаде на Моника Шахи којашто изјавила дека „не станува збор за Моника Шахи, туку за целиот свет и за идентитетот“.

„Се надевам дека меѓународната заедница на овој начин можеме да ја увериме дека сме силна земја. Се надевам, исто така, дека ова е порака за целиот свет за поддршка на малцинствата. Сега би сакале од владата да побараме легализација на истополовите бракови“, изјави 37-годишната Моника.
nepal„Мораме, во прв ред, да видиме како ова ќе биде прифатено во светот“, рече Маниша Дакал, трансексуалец и член на здружението Blue Diamond, коешто се залага за правата на сексуалните малцинства.

„Сигурен сум дека многу сексуални малцинства ќе имаат полза од ваквиот позитивен развој на случувањата“, изјави за DPA, Субил Бабу Панта, поранешен непалски пратеник кој јавно се декларираше како хомосексуалец.

Слични решенија имаат и Австралија и Нов Зеланд, кои на лицата кои во рубриката за пол не сакаат да впишат „М“ или „F“, и нудат „X“.

извор:Макфакс