Monday, May 22, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈТенис„Неотел Опен 2015“: Марковски освојувач на златото

„Неотел Опен 2015“: Марковски освојувач на златото

Во денешното финале на меѓународниот тениски турнир „Неотел Опен 2015“ за момчиња до 16 години, деветтиот носител во сингл конкуренцијата, Обрад Марковски, успеа да го совлада второпласираниот Андреј Андреевски со  4:6, 6:3 и 7:6.

tenisdeca16godiniПатот до финалето не беше така едноставен за младиот Обрад, кој успеа да ги елиминира србинот Пеџа Колариќ, Милан Радојковиќ, романецот Кристиан Александру Андрееску и Михаил Кусески.