Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНеобјавена песна на Лејди Гага вистински хит на „Твитер“!

Необјавена песна на Лејди Гага вистински хит на „Твитер“!

Лејди Гага неодамна ја најави нумерата „Perfect Illusion“ која крена еуфорија уште пред да излезе, што го покажува нетрпението кое постои кај нејзините обожаватели. Песната, која Лејди Гага ја најави преку „Твитер“ би требало да излезе во септември.

Нетрпението е очигледно толку големо бидејќи песната се најде на првото место на листата на Билборд на „Twitter Top Tracs“ за оваа недела. Станува збор за листа од песни кои биле најмногу споделувани или споменувани на „Твитер“.

Gaga-tvit

Според соопштението на Гага, во песната ќе станува збор за пропаднати врски и сите работи кои се случуваат после тоа.