Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео) Необична глетка на писта: Работници туркаат авион од 36 тони

(Видео) Необична глетка на писта: Работници туркаат авион од 36 тони

Глеткава изгледа како да е скриена камера, но во суштина ова навистина се случило на аеродромот Фјумичино во Рим, пренесува Дејли мејл.

На пистата на аеродромот во Рим авион од 36 тони на авиокомпанијата Ибериан ерлајнс заедно со 90 патници имал технички проблеми. Бидејќи возилото што требало да го повлече авионот било расипано надлежните на аеродромот еден час се мислеле што да прават и не можеле да ја решат ситуацијата. Конечно дошле до решение, 11 работници од аеродромот со раце го турнале авионот од пистата. Погледнете како изгледало тоа: