HomeДЕНЕШНАСветНемири во Шарлот, црнечкото население се бунтува

Немири во Шарлот, црнечкото население се бунтува

Трета ноќ по ред во Шарлот се одржуваат големи протести за убиениот црнец за кој се тврди дека бил невооружан и непотребно застрелан иако полицијата тврди дека носел пиштол во раката и морале да применат смртоносна сила. По вчерашните големи инциденти во кои едно лице беше погодено од огнено оружје, а уште девет беа повредени воведен е полициски час во Шарлот со силно присуство на полицијата која е максимално вооружена.

sarlot-protesti2

Политичарите и активистите упатуваат пораки протестите да останат мирни бидејќи насилството не е одговор за вакви ситуации и може дополнително да ја влоши состојбата со оглед дека револтот е огромен и на двете страни. Полицијата во Шарлот одби да ја објави снимката од убиството на Скот за да не дојде до поголем гнев кај населението иако стојат зад полицајката која стрелаше во него.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com