Monday, Sep 25, 2017
HomeДЕНЕШНАСветНемири во Хаг поради смрт на странец – уапсени 200 лица

Немири во Хаг поради смрт на странец – уапсени 200 лица

Полицијата во Хаг вчера привела повеќе од 200 лица поради кршење на полицискиот час. Немирите траат веќе четири ноќи, а започнале во понеделникот навечер, откако еден доселеник од Карибите починал во полициска станица под неразјаснети околности.
hag1
Протестите се случиле во имигрантската населба Шилдервијк. Премиерот Марк Руте рекол дека младината која пали оган и ги напаѓа полицајците е “ретардирана”, а градоначалникот Јозиас Ван Аетсен ветил остар одговор на немирите. Повеќето од 200-те приведени биле ослободени денес и предадени на родителите по сослушувањето и изрекувањето на паричните казни.

Инаку, 42-годишниот турист од Аруба, Мич Енрикез, бил уапсен за време на фестивалот минатата седмица, под сомнение дека наводно поседувал недозволено оружје. Неколку часа по апсењето, починал во полициската станица под неразјаснети околности.

Протестот бил организиран по пат на социјалните мрежи, а во него учествувале доселеници од Мароко и Турција, како и нивните потомци кои тврдат дека секојдневно се жртви на полициска дискриминација.
hag