HomeДЕНЕШНАРегионНемири во Атина, се протестира против Обама

Немири во Атина, се протестира против Обама

protesti-atina-obama

Мали немири избија во центарот на Атина на протестот на дел од синдикатите, левичарските партии и анархистите против американскиот претседател Барак Обама.

На протестите учествуваат неколку илјади грчки граѓани, синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија и поддржувачите на „Народно единство“, партијата на поранешниот соработник на Алексис Ципрас и министер во владата на СИРИЗА, Панајотис Лафазанис кои се бунтуваат против политиката на САД.

Демонстрациите започнаа доцна попладнево, иако грчката полиција строго забрани протести и собири за време на дводневната посета на Обама во Атина. Немирите избувнаа кога група демонстранти се обиде да го пробие полицискиот кордон и да се упати кон грчкиот Парламент, по што полицијата одговори со солзавец. Демонстрантите фрлија молотови котели и запалија неколку канти за отпадоци, но не е причинета голема штета.

Мета

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com