HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНејмар не оди никаде!

Нејмар не оди никаде!

Шпекулациите околу заминувањето на капитенот „Кариока“ од Барселона паѓаат во вода. На официјалниот твитер профил на Шпанскиот клуб стои ударна вест дека клубот и Нејмар постигнале договор околу продолжување на соработката. Бразилецот во петок ќе стави потпис на нов договор со Барселона до јуни 2021 година!

Деталите од договорот се уште не се познати, но се очекува се да биде обелоденето уште пред одличниот фудбалер да го стави потписот. Инаку, Каталонците и денес завршија уште една голема работа, односно уште еден клучен фудбалер од алката на Луис Енрике, Хавиер Маскерано стави потпис на нов договор со Каталонците до 2019 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com