Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНемаме специјален третман за Груевски, тврди Рибарев

Немаме специјален третман за Груевски, тврди Рибарев

Немаме специјален третман за експремиерот Никола Груевски, ниту за било кој друг обвинет, кој треба да дојде во судот за да се пријави кај шалтерскиот службеник“, тврди в.д претседателот на Kривичниот суд, Стојанче Рибарев, како одговор на СУДСТВО.МК, кој во петокот објави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е виден како влегува во судската зграда на Основниот суд Скопје I преку службениот влез.

Тој вели дека изборот Груевски да не го користи главниот, туку да влезе од службениот влез го направило неговото обезбедување (од МВР) од безбедносни причини и во тоа не била вклучена судската полиција. Но, негира дека обвинетиот влегол слободно без претходна проверка од судската полиција. Вели дека навистина на службениот влез нема детектор врата,но затоа Груевски бил проверен со рачен детектор.

В.д претседателот нагласува дека е погрешна претставата што е создадена во јавноста дека службениот влез (од бочната страна на судот) го користат само вработени лица.

„Тоа не е точно,бидејќи од таму влегуваат и притворени или осудени лица,токму од безбедносни причини“, додава Рибарев.

Кривичниот суд го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на Никола Груевски,како и за шест други лица во првиот предмет што го отвори СЈО за „Титаник“. Првостепениот суд го одби ова барање на СЈО и одреди поблаги мерки за обезбедување присуство- му го одзеде пасошот и секој петок да се јавува пред Судот секој петок