Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаНема знаци на насилство кај пронајденото мртво бебе во село Кленоец

Нема знаци на насилство кај пронајденото мртво бебе во село Кленоец

Основното јавно обвинителство – Гостивар соопшти дека е извршен увид во кичевското село Кленоец, каде синоќа било пронајдено починато шестмесечно бебе, и дека е извршена обдукција, која не покажала знаци на насилство.

Обдукцијата е извршена по наредба на јавен обвинител, а првичните резултати укажуваат дека бебето имало вродени срцеви аномалии, а пред смртта дошло до застој на работата на срцето, што предизвикало белодробен едем и задушување.

На телото не се пронајдени знаци што укажуваат на насилна смрт, се вели во соопштението од Јавното обвинителство на Република Македонија.