Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема зима за екс функционерите на Груевски, партијата ги вработува

Нема зима за екс функционерите на Груевски, партијата ги вработува

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои имаа клучни позиции во владите на Груевски по повлекувањето од државните функции  немаат проблеми со вработувањето бидејќи добиваат постојани приходи од својата партија. Тука се споменуваат имињата на Мартин Протуѓер, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски и Иво Котевски, пренесува Телевизија 24.

Секако, ова не би било ништо чудно ако се види дека партиските вработувања зачестија од 2014-та кога ВМРО-ДПМНЕ имале само еден вработен, а сега најмалку стотина.

Според истражувањата на БИРН, барем во изминатите неколку години, а повикувајќи се на информации од Централниот регистер, ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година за плати и надоместоци пријавила трошоци од само 197 илјади денари. Што се претпоставува дека владејачката партија во 2014 година имала само еден вработен, кој земал бруто плата од 16.491 денар.

За во 2015-та, пак, истражувањето покажува дека според годишниот финански извештај на ВМРО-ДПМНЕ, сумата за плати и надоместоци видно се зголемува и изнесува околу 2 милиони денари. Што пресметано по најниската месечна бруто плата во Македонија, произлегува дека најголемата владејачка партија нема повеќе од 125 вработени за таа година.

Дали бројката на вработени во белиот замок ќе расте престојниот период со оглед на владините промени кои доаѓаат е прашање кое се отвара. Сепак, партијата не даде конкретни одговори кој се е на нивниот платен список и дали планираат да вработат нови функционери.