Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНема веќе блокади – Турција изрече парична казна на Твитер

Нема веќе блокади – Турција изрече парична казна на Твитер

Турските власти на социјалната мрежа „Твитер“ и изрекоа парична казна во вредност од 150.000 турски лири (51.000 долари), поради објавување на содржини кои имаат карактер на терористичка пропаганда, објави турскиот весник „Хуриет“, повикувајќи се на извори во Дирекцијата за телекомуникации на Турција.

Весникот посочува дека турските власти досега во неколку наврати го блокираа пристапот до „Твитер“ од Турција, откако социјалната мрежа одбиваше да отстрани одредени содржини, но ова е првпат да и биде изречена парична казна.

Содржините кои. според турските власти, претставуваат „екстремистичка и терористичка пропаганда“ се однесувале на информации за активности на џихадитичката група Исламска држава, Курдската работничка партија (ПКК) и Револуционерната партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С).