Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНема транзит низ Македонија, границите затворени за мигрантите

Нема транзит низ Македонија, границите затворени за мигрантите

Јужната граница на Македонија е затворена за влез на мигранти откако повеќе земји од регионот спроведуваат мерки на претпазливост поради заострување на граничните контроли во Европската унија и воведување на нови правила за мигрантите кои ќе се пропуштаат само доколку точно ја наведат земјата во која ќе аплицираат за азил.

migrantiЕден од проблемите според МВР за затворање на нашата граница е дефект на пруга во Словенија со што се оневозможува железничкиот транспорт на мигрантите, па затоа во текот на вчерашниот ден не е издадена ниту една потврда за азил.

Затворени се и границите во Србија и Хрватска кои ќе се прилагодуваат на новите мерки на ЕУ за проток и прием на мигранти, па затоа единствено во Грција остануваат заглавени околу 1000 мигранти во кампот Идомени, а на грчките острови пристигнуваат нови тури. Според голем број на анализи ова ќе биде показна точка дали ЕИ и земјите од регионот може да се справат со посериозна ситуација во текот на пролетта.