HomeФЕР ПЛЕЈФудбал„Нема сомневање дека ќе го купам Арсенал“ – Најбогатиот Африканец не се откажува од премиерлигашот

„Нема сомневање дека ќе го купам Арсенал“ – Најбогатиот Африканец не се откажува од премиерлигашот

Алико Данготе кој се смета за најбогатиот човек во Африка, објави планови да го купи премиерлигашот Арсенал. Нигерискиот милијардер оваа тема за прв пат ја отвори во 2010 година а сега повторно ја актуелизира.

– Нема никакво сомневање (дека ќе го купам Арсенал). Парите не се проблем. Moжеби ќе се случи за три-четири години, изјави Данготе во интервју за Блумберг TВ.

Според „Форбс“, Данготе е најбогатиот човек во Африка и 67-от најбогат човек на планетата, а неговото богатство се проценува на околу 11 милијарди долари.

Моментално, Стен Коренке е доминантен сопственик на Арсенал кој поседува 67 отсто од акциите на лондонскиот клуб.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com