Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема „ревидирање на историјата“ со Грција, туку само средба на историчари, тврди Димитров

Нема „ревидирање на историјата“ со Грција, туку само средба на историчари, тврди Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска негираше дека со неговиот грчки колега Никос Коѕиас договориле „ревидирање на историјата“.

– На средбата во Солун не беше разговарано за ова. На средбата во Њујорк разговаравме за средба на историчари и експерти коишто ќе почнат да разговараат за ова. Тоа е договорено. Можно е министерот Коѕиас да има план ова да го предложи. Јас лично како преговарач од Македонија за разликите за името, под еден поширок контекст на мерките за градење доверба, предложив такви комисии, налик на оваа за која што зборува колегата Коѕиас. Ние, во принцип, немаме ништо против – рече Димитров, додавајќи дека се спремни да разгледаат таков предлог.

Тој истакна дека Балканот е премногу оптоварен со историја и дека две земји што решиле да се зближат и да надминуваат разлики и да градат мостови, корисно е да се учат од искуствата на другите земји, како што се Германија и Франција, се додека тоа е на квалитетна основа и двострано.

– Се додека историјата е оставена на историчарите и експертите, а политиката на политичарите, тоа е корисно – рече Димитров.