Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема професионални медиуми без солидарност, интегритет и слобода

Нема професионални медиуми без солидарност, интегритет и слобода

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денес ја организираше конференцијата „ За медиумските работи“ со цел да ја развие дебатата за организација на медиумската сфера, заштитата на правата на медиумските работници, како и за склучување на Колективен договор на државно ниво за сите редакции.

ssnm konferencija1

Гости беа амбасадорот на Велика Британија Герет Едвардс кој всушност е и покровител на конференцијата, претседателот на ЕФН, Могенс Блишер – Бјерегард, потоа министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски, Јасмина Поповиќ од Синдикатот на новинари од Хрватска, Драган Глигориевиќ од Синдикатот на новинари на Србија и Димитар Буковалов претставник од МИОА кој говореше наместо министерката Марта Арсовска Томовска.

ssnm konferencija2

Дебата која се разви меѓу членовите на Синдикатот предводени од претседателката Тамара Чаусидис се фокусираше на подобрување на работничките права кои мора да бидат гарантирани за новинарите да може достоинствено да ја вршат професијата без да им се закануваат со казни, откази и деградирања.

Колективниот договор ќе ги регулира правата, но и обврските меѓу новинарите, уредниците и сопствениците на медиумите. Потребна е солидарност со секој новинар чии права се повредени, треба да се спречат уцените и мобингот на работното место, но и да се демонстрира личен интегритет за да се врати довербата во професијата на која сега и се наметнати пропагатори и извршители на нарачки.

Автор: Христијан Станоевиќ