Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНема предвремен распуст за учениците од Центар

Нема предвремен распуст за учениците од Центар

Министерството за образование го одби барањето на Општина Центар за децата од сите седум основни училишта во таа општина да одат порано на распуст, поради енормното загадување на воздухот.

Градоначалникот Андреј Жерновски, вчера испрати барање до МОН децата да се ослободат од настава, поради високите нивоа на опасните честички ПМ10 и ПМ 2,5.