Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНема повеќе тајни сметки во швајцарските банки

Нема повеќе тајни сметки во швајцарските банки

Нема повеќе тајни сметки во швајцарските банки. Затајувачите на данок повеќе нема да ги кријат своите пари во оваа земја. Горниот дом на швајцарскиот парламент вчера ја одобри автоматската размена на банкарски податоци со други земји.

Новата одредба, која веќе ја одобри долниот дом на парламентот, Швајцарија ја доведе на ниво на стандардите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и најбогатите земји во светот од групата Г20.

Швајцарија досега даваше информации за можни затајувачи на данок само на исклучиво барање на други земји, а во иднина таквите информации ќе ги дава на сите земји со кои има соодветни билатерални договори. Досега вакви договори има склучено со Европската унија(ЕУ) и Австралија, но оној со ЕУ потпишан во мај на сила ќе стапи во 2018 година.

Податоците за клиентите што ќе се разменуваат со земјите членки на ЕУ вклучуваат имиња и презимиња, датуми на раѓање, адреси, даночни идентификациски броеви, состојба на сметката и трансакции.