Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема повеќе емитување владини реклами на јавниот радиодифузен сервис

Нема повеќе емитување владини реклами на јавниот радиодифузен сервис

 Вработените во „Македонска Радио Телевизија“ добиле наредба да прекинат со објавување на владини реклами и кампањи во временските интервали што досега биле предвидени за тоа.Одлуката е донесена по вчерашното објавено соопштение на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми објавено вчера, во кое таа ги известува медиумите дека е стапен на сила законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик договорен меѓу партиите потписнички на Договорот од Пржино кој е изгласан во понеделникот.

Член 83 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик: Од денот на влегувањето во сила на овој Законик до денот на одржување на предвремените избори за пратеници, кои ќе се одржат на 24 април 2016 година, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања.