Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема операции и прегледи на Дигестивна – хирурзите протестираат

Нема операции и прегледи на Дигестивна – хирурзите протестираат

Нема да се оперира на Клиниката за дигестивна хирургија. Во наредните три дена се одложени сите операции и прегледи, а ќе се примаат само итни случаи. Хирурзите ја донеле одлуката во знак на револт бидејќи нивниот колега беше застрелан од роднини на почната пациентка.

Во изјава за НОВА, хирурзите велат дека министерот Тодоров сам отишол кај нив да разговара да ја променат одлуката.
„Дојде министерот, но ние остануваме на нашиот став. Нема да оперираме три дена, а може и повеќе во знак на револт, а и додека не се исполнат некои од барањата меѓу кои е да имаме постојано обезбедување“.

Синдикатот на клиниките го повика членството утре во 10 часот, во паркот кај хелиодромот на полчасовен протест во знак на поддршка за хирургот во кој беше пукано, како и да се изрази револт за статусот што го има лекарската професија.

фото:РадиоСлободнаЕвропа