Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема одмор во странство за врвот на ВМРО-ДПМНЕ – одземени пасошите на 51 лице

Нема одмор во странство за врвот на ВМРО-ДПМНЕ – одземени пасошите на 51 лице

Вкупно 51 обвинет од Специјалното јавно обвинителство летово не ќе може да летуваат во странство, пишува „Макфакс“. Кривичниот суд по барање на СЈО одзеде 51 пасош, и тоа како мерки на претпазливост, а за дел од обвинетите и како алтернативна мерка за мерката притвор.

Најмногу пасоши се одземени во случајот за изборни измами „Титаник“, 21.

Без пасоши останаа: Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа-Милевска, Мартин Протоѓер, Владимир Пешевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Илија Димовски, Драган Павловиќ Латас, Ивона Талевска, Ѓоко Поповски, Горан Грујовски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски, Небојша Стајковиќ, Тони Трајковски.

Сите тие се жалеа за мерките, но судиите им ги одбија жалбите потенцирајќи во одлуките дека со овие мерки се обезбедува нивно непречено присуство и ефикасност во судските постапки. Во образложенијата на Апелацискиот суд пишува дека мерките на претпазливост ќе траат додека постои потреба, а најдолго до правосилноста на пресудата.