Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНема нови сомнителни случаи на Зика во Македонија

Нема нови сомнителни случаи на Зика во Македонија

 

Институтот за јавно здравје нема други сомнителни случаи за врусот зика, од како пристигнаа резултатите за три месечното бебе од Дојран, кои покажаа дека не е заболено од овој вирус.

Д-р Голубинка Башевска од Институтот за јавно здравје рече дека референтната лабораторија на СЗО ги потврдила резултатите што ги добиле претходно.
“Направивме анализи кои исклучија инфективен причинител за состојбата, како и вирусни причинители, кои се пренесуваат преку комарци како што се западнонилска треска и денга. За да се потврдат нашите резултати, примероците ги испративме во Германија, и се потврдени како негативни, вклучително и за зика вирусот”, рече д-р Башевска.

Клиниката за детски болести, исто така, информираше дека кај тримесечното бебе нема зика вирус, а детето им било препратено од педијатар од Струмица под сомнение за микроцефалија.
“Која е причината за микроцефалијата, ќе ја утврди тимот од нашиот Оддел за неврологија со понатамошни анализи”, вели проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.