Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНема нови случаи на заболени од морбили

Нема нови случаи на заболени од морбили

Досега не се регистрирани нови случаи на заболени со морбили, ниту клинички ниту лабораториски, а петте претходни се во добра здравствена состојба, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму посочуваат дека за време на викендот се вакцинирани околу сто лица кои биле во непосредна близина со заболените и коишто не се вакцинирани или немаат потврда за примена вакцина на територијата на општина Гази Баба во областа Кванташка депонија.

– Екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје и Институтот за јавно здравје, вршат и дополнителна проверка на вакциналните картони и ги повикуваат невакцинирани или непотполно вакцинирани деца. Воедно, наложено е на сите здравствени домови во државата, приоритет да им биде вакцинација, односно ревакцинација во училиштата против морбили, рубеола и паротит – велат од Министерството за здравство.

Исто така, додаваат дека ако има потреба екипите за имунизација ќе вршат и теренска вакцинација.