Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема напредок на координацијата во Сообранието

Нема напредок на координацијата во Сообранието

Нема напредок на денешната координативна средба на претставниците на парламентарните групи во македонското Собрание на која требаше да се утврди предлог за претседател на Комисијата за прашања на избори и именувања. Продолжението на координацијата која се одржува зад затворена врата, според информации од собраниските служби, е најавено за 15:30 часот.

На вчерашната координација претставниците на парламентарните групи го договорија бројот на членовите со кои ќе бидат застапени во Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Согласно договореното, ВМРО­-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса да бидат застапени со по еден чен.

Утврдување на предлогот за составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е предуслов за закажување продолжение на Конститутивната собраниска седница.

Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Сообранието.