Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема министри од опозицијата, договорот лебди во воздух

Нема министри од опозицијата, договорот лебди во воздух

Работните групи на четирите политички партии не се договорија за министрите и замениците на опозицијата кои ќе влезат во преодната влада, ниту пак е изгласан Изборниот закон за претстојните предвремени парламентарни избори иако сите овие спогодби беа договорени претходни и беа поставени јасни рокови, но целиот процес го блокираше власта со тактики на одвлекување на вниманието и контра удари.

han sk

Денес најверојатно ќе биде последниот рок за постигнување на договор за веќе прифатените реформи и избор на министри во МВР и труд и социјална политика од страна на опозицијата кои ќе имаат поголеми надлежности и заменици во финансии, земјоделие и администрација со право на вето на одлуките на министерот кој е од владеачкото мнозинство.

Се уште проблематично е и формирањето на Специјалното јавно обвинителство чиј тим треба денес да биде комплетиран и одобрен од Советот на јавните обвнители од каде пристигнаа непринципиелни блокади и негодувања. Исто така треба да се допрецизира Законот за спречување на објава на прислушкуваните разговори, како и нов Закон за „свиркачи“ односно, припадници на институции кои ако откријат криминал и корупција ќе добијат заштита.