Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНема Кока Кола и Вриглис за граѓаните на Иран

Нема Кока Кола и Вриглис за граѓаните на Иран

Производите на компанијата Кока Кола, по се изгледа нема да го видат новоотворениот ирански пазар. Иранскиот министер за индустрија, рударство и трговија, Мохамад Реза Нематзадех, нареди забрана за увоз на американска стока за широка потрошувачка, вклучувајчи ја и Кока Кола и гумите за џвакање Вриглис.

Како што наведува Дејли Тајмс, одлуката е заснована на упатствата кои иранскиот врховен водач Али Хамнеи му ги дал во писмото до иранскиот претседател Хасан Рохани.

Според Хамнеи, нуклеарниот договор постигнат со западните земји во јули годинава, би требало да помогне иранската економија да стане независна. Тоа вклучува и засилување на националните производи, како и проверка на стоката произведена во САД.