Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНема доволно нафта на Алјаска – залудно потрошени милијарди

Нема доволно нафта на Алјаска – залудно потрошени милијарди

Нафтената компанија „Ројал Дач Шел“ ја прекина потрагата за откривање нафта и гас „догледна иднина“ во реонот на Арктикот, покрај брегот на Алјаска. Британско-холандскиот гигант соопшти дека не се пронајдени количини нафта и гас доволни за експлоатација.

„Ројал дач шел“ вложил седум милијарди долари во истражувања на Алјаска, вклучувајќи 2,1 милијарда во 2008 година за бунари кај северозападниот брег на Чукотско море, каде разочарувачките резултати на бунарот се длабоки околу 2070 метри.

„Шел продолжува да бара значајни можности на експлоатација во тоа подрачје, кое веројатно на крај ќе биде од стратешко значење за Алјаска и САД“, изјавил директорот на филијалите на компанијата за САД Марвин Одум.

„Ројал дач шел“ започна истражување на нафта и гас во таа област во јули годинава, два месеци откако американскиот претседател Барак Обама одобри бунари на Арктикот и покрај противење на еколозите. Организациите за зашита на животната средина се противат на индустриската активност на Арктикот, бдејќи тоа би ги загрозило поларните мечки и други животни.

Поранешниот претседател на британската комоанија „БП„ и сегашен советник на владата во Лондон, лорд Брауни оценува дека Арктикот претставува „ризично место за истражување“ и скапо за одржуање, па затоа е многу полесно за една компанија да се одлучи за повлекување.

Американаката „Геолоџикал Сарвеј“ проценува дека во реонот на Арктикот има 30 отсто од светските неоткриени резерви природен гас и 15 отсто од таквите резерви сирова нафта.