Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНема долготрајна стабилност ако Македонија не е во НАТО

Нема долготрајна стабилност ако Македонија не е во НАТО

Министерот за одбрана Зоран Јолевски при престојот во САД побарал од политичарите пријатели на Македонија што побрзо добивање на покана за членство во НАТО со што ќе се заокружи процесот на целосна стабилизација на Балканот, особено во време на засилена бегалска криза.

ograda granicaСпоред Јолевски Европа се уште нема решение за бегалците од воените зони како Сирија, но и за економските мигранти од сиромашните азиски и африкански земји кои се повеќе се охрабруваат да транзитираат користејќи ја ситуацијата.

migranti granica3Македонија останува на ставот дека границата нема да биде затворена и оградата е поставена за поголема регулација на протокот на мигранти, но доколку Европа одлучи да ги затвори своите граници тоа ќе биде огромен проблем за нас, потенцираше Јолевски во Германскиот Маршалов фонд во Вашингтон.