HomeДЕНЕШНАСкопјеНема дојава за бомба – авионот не полетал поради заборавен телефон

Нема дојава за бомба – авионот не полетал поради заборавен телефон

aerodrom-aleksandar-veliki-1-640x331

Авион на Туркиш Ерлајнс кој вечерва требало да лета за Истанбул, не полетал од Аеродромот „Александар Велики“. По веста која ја пренесоа дел од медиумите за наводна дојава за бомба на скопскиот аеродром, Агенцијата за цивилно воздухопловство појасни дека нема никакви причини за тревога, бидејќи вонредната интервенција на обезбедувањето била преземена поради заборавен мобилен телефон.

Заборавениот телефон го пронашол екипажот на леталото. Според безбедносната процедура, пред да влезат новите патници во авион, обезбедувањето морало да изврши проверка и да го отстрани мобилниот уред.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com