Tuesday, Mar 28, 2017
HomeДЕНЕШНАНема да се вози со запалени светла преку ден

Нема да се вози со запалени светла преку ден

Со новиот предлог-закон за безбедност во сообраќајот на патиштата се врши усогласување со европската регулатива, па се предвидува укинување на обврската светлата на возилата да бидат вклучени во текот на денот.

Со предлозите се предвидува и дете помало од пет години да смее да се вози на задното седиште, само на специјално детско седиште, задолжително врзано со сигурносен појас.

На совозачкото седиште ќе биде дозволено да се превезува бебе (дете помало од 2 години)  под услов ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето е во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото.