Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНема да се користат водени топови во Британија

Нема да се користат водени топови во Британија

Британската влада одлучи дека водените топови од полицијата нема да бидат средство за справување со безредијата.

Полицијата бараше да добие решение за тоа по градските немири во 2011 година, но според министерот за внатрешни работи Тереза Меј тоа е средство кои би ја уништило „јавната доверба“.

Во говор во парламентот таа нагласи дека водените топови може да причинат сериозни телесни повреди и оти нивното користење може да биде контрапродуктивно „во реони каде има долга историја на социјални немири и недоверба кон полицијата“.

Лондонскиот градоначалник Борис Џонсон  минатата година одобри градската полиција да купи три употребувани водени топови од Германија, но ќе останат неупотребени на британско тло. Забраната важи само за Велика Британија.