Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСНеколку трикови за побрзо да заспиете

Неколку трикови за побрзо да заспиете

Покрај високите температури причина за несоница може да биде и вашата психичка состојба како и животните навики. Еве неколку начини со кои можете да влијаете на својот сон

Не конзумирајте пијалоци со кофеин пред спиење

Кафето, енергетските пијалоци и сите други напитоци кои содржат кофеин се убиец на сонот. Затоа не практикувате ги пред спиење, во спротивно може со часови да останете будни, а со самото тоа ќе ви се зголеми и нервозата

Исфрлете ги сите проблеми од главата

Ништо нема да постигнете доколку нерешените проблеми и дилеми ги вртите во главата постојано. Во тој момент сигурно нема да ги решите. Обидете се да мислите на себе подготвувајќи се за убав и мирен сон. Во спротивно, лошите мисли од ноќта ќе ви донесат уморно утро и нервозен ден

SLEEP 2

Имајте трпение, фокусирајте се само на мислата дека сакате да потонете во сон

Доколку ова го вежбате неколку ноќи, со тек на време ќе ви стане навика која помага полесно да заспиете

Пронајдете ја вистинската положба

Луѓето се разликуваат по тоа на која страна спијат, а низа истражувања покажуваат дека положбата во која спиете (на стомак, бочно или на грб). Пронајдете ја својата, тоа ќе ви помогне полесно да заспиете

Тишина во спалната соба, или тивок звук

Запознајте се добро себе и одлучете во која група спаѓате, доколку не сте од луѓето на кои им е потребна целосна тишина за да заспијат изберете тивка музика која полека ќе ве воведе во мирен сон