Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимНеколку совети за летните денови како да ја заштитите кожата од рак

Неколку совети за летните денови како да ја заштитите кожата од рак

Следуваат доста високи температури за време на летото а, општо познато е дека доколку не внимаваме на сонцето, може да се зголеми ризикот од појава на рак на кожата. Ние ви препорачуваме неколку совети како да уживате во топлите денови и првенствено да се заштитите од оваа болест.

Избегнувајте го сонцето во периодот од 10:00-16:00 часот. Тогаш сонцето е најсилно и најлесно може да предизвика проблем на вашата кожа. Во најтоплите денови носете очила за сонце. Тие освен што служат како моден додаток, можат и значајно да ве заштитат од сонцето. При сончање користете заштитен фактор на секои два часа или почесто додека сте во вода.

Носете заштитна облека како капа или лесна облека што ќе ги покрие осетливите делови од телото. Направете си сами проверка на кожата. Доколку забележите разлика, зборувајте со вашиот матичен лекар. Запомнете, ракот на кожата може да се излечи доколку се открие во ран период.

http://apelasyon.com/img/userfiles/images/Sun-lotion.jpg