HomeАНТИСТРЕСПатувањеНеколку причини зошто патничките авиони секогаш се со бела боја

Неколку причини зошто патничките авиони секогаш се со бела боја

Дали некогаш сте се прашале зошто патничките авиони секогаш имаат бела боја. Британскиот весник „Сан“ наведува неколку главни причини.

На белата боја најлесно се забележуваат пукнатини, течење на масло или други проблеми што можат да се појават на авионот, осигурувајќи на тој начин дека и најбрзо можат да се поправи.

Белата боја најдобро ја рефлектира светлосната топлина, така што е најдобра за спречување на загревањето на металот на авионот.

Во случај на судар или турбулентно време, белата боја најмнгу се забележува и не бледнее.

Бојадисувањето на авионот е долга и напорна работа, но поисплатлива од бојадисување во друга боја. За да се обои целиот авион потребно е меѓу два дена и две недели, зависно од буџетот со кој се располага.

Исто така, компаниите ретко купуваат авиони што не се бела боја, па со самото тоа фарбањето во друга боја е неисплатлива работа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com