Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНеколку линии на ЈСП ќе бидат скратени или редуцирани во поплавените подрачја

Неколку линии на ЈСП ќе бидат скратени или редуцирани во поплавените подрачја

ЈСП ги известува службите задолжени за нормално одвивање на сообраќајот дека поради оштетен коловоз од обилни врнежи од дожд и непроодност на патот, повеќе линии на јавен превоз ќе бидат скратени или редуцирани.

Таквата промена ќе важи за следниве линии:

– линија 65В ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“;
– линија 65 од с.Раштак нема да сообраќа;
– минибус на релација Раштак – Црешево – Виниче-Смилковци нема да сообраќа;
– линија 65б од с. Смилковци нема да сообраќа;
– линија 65а од с. Страчинци нема да сообраќа;
– линија 55а од с. Брњарци нема да сообраќа
– линија 55 за Арачиново, Орланци и Грушино ќе сообраќа до семафори кај пазар „Ченто“

Скратувањето и редукцијата на наведените линии ќе важат до поправките и санирањето на овие патни правци и воспоставување на редовен сообраќај.