Thursday, Apr 18, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласНеколку факти за животната средина кои ќе ви ги отворат очите

Неколку факти за животната средина кои ќе ви ги отворат очите

Научниците и активистите за животна средина постојано предупредуваат за штетните последици од загадувањето и уништувањето на животната средина. За подигнување на свеста на жителите на Земјата, постојано се изготвуваат извештаи и анализи за штедење и регенерирање на ресурсите. Неколку факти можеби ќе ве натераат да ги промените навиките во однос на трошењето ресурси и загадувањето на околината.
combind-water-pollution-in-india1– Без атмосферата, просечната температура на земјата би била – 18 степени целзиусови. Премногу студено за да може да опстане форма на живот.

– Глобалното затоплување до 2030 година може да стопи поголем дел од глечерите на Хималаите.

– Секој рециклиран тон хартија спасува 17 дрвја.

– Потребни се 1.400 килограми вода да се произведе еден килограм храна.

– Долината на реката Радика е подрачје со најмногу врнежи.

– Сопствениците на куќи користат 10 пати повеќе отровни хемикалии на декар отколку фармерите.

– Дрвата го апсорбираат стакленичкиот гас CO2.

– Секоја година во нашата држава се создава отпад еквивалетен на тежината од 80 Ајфелови кули.

– Најголем дел од отпадните води во руралните области се испуштаат без никаков третман.

– Најранлив земјоделски регион од климатски промени е повардарието.

– Во Европа, превозот со автомобили и камиони е одговорен за 93% од емисијата на штетни гасови во сообраќајот.

– Извозувајќи 25.000 километри годишно со автомобил, создаваме околу 2 тона стакленички гасови.

– Со користење на соларни колектори може да се заштеди најмалку 30% од просечната потрошувачка на електрична енергија.

– На секои рециклирани 1 тон хартија, заштедуваме 31.800 литри вода.

– Преку 22% од ‘рбетниците во нашата држава се сметаат загрозени.

– Научниците предвидуваат дека поради климатските промени ледниците на Алпите ќе исчезнат до 2050 година.

– Околу 70% од емисиите на стакленички гасови во земјава потекнуваат од енергетиката.