Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНекогаш херој, сега предмет за потсмев

Некогаш херој, сега предмет за потсмев

Photo by Stuart Franklin/Bongarts/Getty Images

Пред само неколку дена левиот бек на Реал Мадрид Марсело беше херој во пресвртот на Реал Мадрид против својот најголем ривал Барселона, но во средата во дуелот од Лигата на шампионите против Волфзбург, фудбалерот покажа дека има и умешност од друг тип. Во синоќешниот изненадувачки пораз на „Кралскиот клуб“ од Волфзбург во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите (2:0), Бразилецот направи многу срамотен потег после кој испадна смешен за публиката.

Марсело на средината на првото полувреме во дуелот со Арнолд се обиде да го допре со главата за да исценира прекршок, а потоа легна на тревата. Офанзивниот везист во таа прилика заработи жолт картон, но вистинска „ѕвезда“ беше фудбалерот на Реал Мадрид, за кој после овој потег можеше да се прочитаат многу шеги на негова сметка, а некои од нив велат дека тој би требало да биде наследникот на Леонардо Ди Каприо на доделувањето на Оскари.