HomeДЕНЕШНАЕкономијаНекогашен „Џонсон Контролс“ наскоро става клуч на врата

Некогашен „Џонсон Контролс“ наскоро става клуч на врата

Странската компанија „Вистеон електроникс“, која порано функционираше како „Џонсон Контролс“ го намалила производството, а голем дел од вработените веќе добиле откази и се очекува до крајот на годинава компанијата да ги затвори погоните во слободната индустриска зона – Бунарџик. пренесува 24 вести.

Американската инвестиција која денес работи под името „Вистеон електоринкс“ лани најави дека до крајот на годинава ќе го затвори бизнисот во Македонија поради вишок капацитети во европското производство.

Од „Вистеон електроникс“ пред неколку месеци изјавија дека во тек се преговори со трета страна за можно купување на погоните во Скопје кои имаат голема вредност и целосно заокружена инфраструктура.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com